Во петокот околу 23:30 часот, во координирана акција на полициските службеници од ОВР Дебар и ОВР Кичево, на стариот пат Кичево-Дебар, кај месноста Лопушник, пронајдени се трите лица, поточно брачна двојка и нивната малолетна ќерка, сите од Република Турција.

Лицата претходно, околу 21 часот, пријавиле дека со својот автомобил шкода, патувајќи од Кичево кон Дебар, се изгубиле низ шумските патишта.

Сите тројца биле во добра здравствена состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.