Според досегашната истрага и исказите на осомничените, велешанецот Панче Жежовски е само “прометна жртва” во целата криминална организација за грабнувањето на 14годишната Вања, кажаа на денешната прес конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и јавниот обвинител, Гаврил Бубевски.
Тој бил сосед со еден од осомничените и со него имале должничко доверителски односи, односно фризерот му должел 500 евра. Деталите за неговото грабнување уште не се разјаснети, но според исказите бил убиен за со неговото возило да се изврши веќе планираното грабнување.
„Не можам до крај да влезам во нивните намери и ум, тоа што за нас е логично, за некој е нелогично. Нивните дејствија се логични од кривично-правен аспект. Панче Жежовски е пронајден според нив заради нивната конекција со соседот, еден од осомничените и неговиот долг од 500 евра. Очигледно е дека досега од тоа што го имаме, дека е само „прометна жртва“ за да се земе возилото, за да се изврши ова“, рече Бубевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.