Обвинетиот Љупчо Палевски во воведните зборови на првото рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски детално зборуваше за улогата на Обвинителството и полицијата во овој случај, како и за неговиот однос со таткото на девојчето.
Тој тврди дека со Александар Ѓорчевски воопшто не се знаеле, а „камоли дека имале комуникација на денот кога е убиена“.
Александар е наместен од страна на полицијата за да се извече поврзаност меѓу него и мене, убедува Палевски.
Тој нагласува дека дупката во која беше пронајдено девојчето што укажува дека таа била „грабната за да биде убиена, а не за да биде баран откуп“.
Зорица не сака да се крие од монтирано обвинителство туку да се дознае вистината за убиството на ќерката, вели Палевски.
Таткото на Вања само кратко изусти:
Чустувам болка што не може да се опише. Стојам на располагање со имиња и презимиња.
Повеќе од судењето:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.