Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски е веќе сместен во затворот во Шутка.

При неговото пристигнување, тој со себе донел и еден куфер. Директорот на затворот Филип Андов, за Телма открил што имало во истиот.

Па може да нагласам дека имаше една интересна работа, имаше плазма телевизор, од Турција му бил, за притвор но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волти, само за светло, специјално за собата каде што ќе биде тој – вели Филип Андов.

Во куферот имало и банкноти во евра и турски лири.

Лични работи имаше и некои валути во евра и во турски лири. Направен е записник, вели директорот кој посочи дека тоа е стандардна процедура за секој притвореник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.