Со качулка на главата и под строги безбедносни мерки во Основниот суд во Тетово беше доведена 17-годишната девојка која е осомничена за убиството на 16-годишното момче во тетовско Бањиче кое беше пронајдено мртво во водите на реката Пена.

Како што објави порталот на албански јазик Тетовасот, девојката дојде во Судот, за уште еднаш да даде исказ пред судијата.

Основното јавно обвинителство Тетово пред неколку дена потврди дека 17-годишна девојка е осомничена дека со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.