Отворена хауба и пеплосана предница. Toa e сè што остана од изгорениот автомобил кој попладнево се запали на булеварот „Климент Охридски“ спроти бензинската на „Макпетрол“ во близина на зградата на владата. Огнот беше локализиран од скопските противпожарни служби.

Засега нема информации како настанал пожарот.

На само десетина метри од оваа несреќа, ден по големото невреме во Скопје беше уништен уште еден автомобил кога исушено дрво падна врз него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.