Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги, денеска околу 1:30 часот на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, ја лишиле од слобода скопјанката С.Ц.(63).
Како што соопштија денеска од МВР, таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.
Скопјанката била предадена во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.