Фатмир Речица, еден од осудените за „Диво Насеље“ во живо од затворот „Идризово“ даде изјава за косовска телевизија.

Речица кажа дека тој и неговите соборци биле ослободители на албанскиот народ во Македонија.

Ние сме ослободители и херои за Албанците во Македонија. Дојдовме со желба за национално единство, кажа Речица.

Toj кажа дека имале поддршка од Косово, но ќе ги откри имињата кога ќе дојде време.

За жал, во Косово не се зборува. Затоа што имавме поддршка од Косово. Ќе дојде ден кога ќе ги кажеме по име и презиме, кој ни даде поддршка, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.