Оштетен е преминот на реката Блашница поради надојдена вода, потврди денеска за МИА, Јован Златевски, советник во Совет на Општина Кавадарци, кој потекнува од овој крај.

Поради поголемо количество на вода што надошла во реката Блашница што се влева во Тиквешко Езеро, како резултат на врнежи од дожд и топење на снегови, оштетен е преминот преку реката Блашница, пред нејзиниот влив во езерото, рече Златевски.

Тој нагласи дека за новонастанатиот проблем е известена локалната самоуправа и оштетувањето ќе биде санирано најбрзо што може.

Златевски потсети дека овој дел од Тиквешијата изобилува со природни убавини за рурален и алтернативен вид туризам и овде веќе имаат изградено викендички тиквешани, но и вљубеници во природата од други места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.