Возило и гаража во Кавадарци доцна синоќа биле запалени, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот на околните куќи бидејќи се работи за место со густо населени куќи.
Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале со три возила и шест пожарникари.
За пожарот информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Оштетено е едно возило „голф“ четири, трактор и дел од гаражата. Според очевидци, пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната.
Благодарение на брзата интервенција и професионалната екипа пожарникари, пожарот не е проширен, се работи за место со густо населени куќи и можело да се случи голема катастрофа, нагласуваат од Кабинетот на градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.