Опожарен бил стан на втори кат во зграда на улицата „Виа Игнација“ во општина Ѓорче Петров. Интервенирале осуммина пожарникари со три противпожарни возила, потврди вечерва за МИА, командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески.
Пожарот сега е ставен под контрола, допрва ќе се утврдува материјалната штета.
Изгаснат е пожарот во близина на Кванташки пазар, како што информираше Томески за МИА, гореа отпад и сува трева.
Томески рече дека вечерва имале интервенција и на територија на индустриска зона „Бунарџик“, каде горела сува трева.
Во моментов, скопски пожарникари интервенираат на пожар во домот „Ранка Милановиќ“ кај стар Кванташки пазар, каде, како што појасни командантот, гори ѓубриште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.