Денеска од 10 часот е започнат увидот во поранешниот тутунски комбинат „Македонија табак“ каде во понеделникот избувна пожар што предизвика голема материјална штета. Во пожарот беа повредени околу петнаесет пожарникари кои десетина часа се бореа за локализирање и ставање под контрола на огнената стихија.
Дадени се наредби на експерти од повеќе области при Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења во МВР да почнат со утврдувањето од каде и како започнал пожарот. Присутни се експерти за хемиски анализи, од противпожарна област и слично, како и претставници на електродистрибутивната компанија и МВР, брифираа денеска од Обвинителството.
Околу пожарот, утре состанок треба да одржи и Општинскиот кризен штаб, информираше градоначалникот Биљал Касами.
Според информациите што ги имам од Кризниот штаб после гасењето на пожарот 24 часа требало противпожарната единица и полицијата да го обезбедат местото и во тоа време да излезе Обвинителството за утврдување на причините. Немам информации дали е направен увидот и кои се првичните информации. Утре имаме седница на Општинскиот кризен штаб на која ќе се информираме за сите овие работи, изјави Касами.
Општинскиот кризен штаб по првата седница побара проверка на мерењето на квалитетот на воздухот од Владата, како и други мерки за справување со последиците од пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.