Основното јавно обвинителство Скопје го демантира информацијата која беше објавена на Република, а преземена од Канал 5 Телевизија дека единствениот осомничен за убиствата во Шиша бар е ослободен од сите обвиненија.

Лицето кое што го наведувате не е единствен осомничен во предметот, а постапката против него не е запрена. Тој е осомничен за дејствија на помагање при сторување на кривичното дело. Со оглед на тоа што во моментов притворската мерка не е неопходна за обезбедување на неговото присуство, јавниот обвинител согласно своите законски надлежности предложи таа да биде заменета со мерки на претпазливост. За истиот настан уште едно лице е осомничено и му е определена мерка притвор – стои во информацијата од Обвинителството.

Република ја повлекува преземената информација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.