Четириесет и седумгодишен охриѓанец ја искршил таблата, поставена над просториите на новоотворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Според него, вчера бил извршен разговор со Г.И.(47) од Охрид, при што било констатирано дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.
Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со јавен обвинител, СВР Охрид до Здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл.243 ст.3 гонењето за делото се презема по приватна тужба, стои во информацијата на СВР Охрид.
Охриѓанецот, вчера претпладне со земјоделска алатка ја искршил таблата на која стоеше натписот „Цар Борис Трети“, а потоа сам се пријавил во Полициската станица во Охрид. Делото го извршил самоиницијативно, но не ги навел причините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.