СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(31) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

На 29 јуни во Битола, пријавениот од златарница одзел две кутии со златен накит, но набргу потоа бил фатен и приведен, а од судија на претходна постапка од Основен суд Битола определена му е мерка притвор – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.