Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (17.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Македонија на Бесим Красниќи (44), кој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.

Лицето е спроведено во КПУ Идризово.

Бесим Крсниќи беше уапсен заедно со Агим Крсниќи и Сехат Рамадани во Урошевац. Тие се дел од т.н. кондовска група, која важеше за страв и трепет во Скопје. Бесим Крсниќи треба да издржи казна затвор од вкупно 28,5 години затвор за повеќе кривични дела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.