Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки.
Од нив за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 12 мерки за возење под дејство на алкохол, 20 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се и 12 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, а пет за возач почетник.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.