Во текот на вчерашниот ден (27.10.2022) во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

При контролата 102 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 32 и тоа: 12 поради техничка неисправност на уредот за запирање, 11 за неисправни системи и опрема, три за претовар, две возила биле со неисправен уред за управување…

Во однос на возачите: 12 возачи бесправно управувале со возило, шест возеле без возачка дозвола, еден возач управувал возило за време на впишана прекршочна санкција “забрана за управување”… При контролата санкционирани се и 104 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.