Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12 до 16 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 55 сообраќајни прекршоци, од кои шест за користење мобилен телефон при возење, четири за нерегистрирано возило, а на вонреден технички преглед било упатено 21 возило.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.