МВР на својата интернет страница објави дека  е распишана меѓународна потреница по Шеваљ Муареми. Неговото име се поврзува со нерасчистени убиства и останати сомнителни криминални активности.

Тој е предводник на групата Грчец/Дуканџик во која беа и Орхан Бајрами-Оки кој го убија во Грција и Јетон Кривањева кој го убија во „Шиша бар“ на Кале.

Шеваљ е познат по својот луксузен живот и се претпоставува дека е во Дубаи.46-годишниот нарко водач често може да се забележи на луксузни забави и неодамна се фотографираше и со Лео Меси.

За злосторствата на Шеваљ податоците од „Скај“  апликацијата се предадени на МВР и на Обивинителството за организаран криминал.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.