Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, инаку внук на Љубе Бошкоски, за кого веќе 20-тина дена нема информација каде се наоѓа, нуди парична награда за негово пронаоѓање.
Љупчо Костадиновски во емисијата „Скен“ вели дека нудат и парична награда за секаква информација во врска со исчезнувањето на неговиот син.
Молк од сите страни, а него сѐ уште го нема. Не изгубив точак, изгубив дете и сѐ што барам е информација за тоа што се случило и каде е мојот син. Парична награда ќе следува за секој оној што ќе ни даде каква било детална информација во врска со Самоил – вели тој.
Љупчо е брат на Виолета, сопругата на Љубе Бошкоски.
Полицијата уапси две лица во врска со грабнувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.