Граѓаните се жалат дека во изминатиов период повторно операираат крадци. Ваков настан, изминатата недела се случил и во населбата Влае, каде е украдена церада за автомобил, а сопственикот упати апел доколку ги препознаете, да ги пријавите.
Имено, иако крадците биле снимени со видео камера, и нивниот идентитет јасно се забележува, сепак полицијата не може да ги пронајде.
Граѓаните велат дека кога институциите потфрлаат и од полицијата нема соодветна реакција, граѓаните се приморани да преземаат сопствени мерки за справување со ваквите нелегални активности.
„Претпоставувам голем дел од вас се веќе запознаени дека периодов низ Скопје на големо „оперираат“ крадци кои од ден на ден земаат се поголем замав како никогаш досега. Очигледно е дека се охрабрени од отуството на полицијата на терен и од неспособоноста на МВР да го спроведе законот на дело.
Па така, кога институциите потфрлаат и од полицијата нема соодветна реакција, граѓаните се приморани да преземаат сопствени мерки за справување со ваквите нелегални активности.
Изминатата недела (понеделник кон вторник) извршена е кражба на ул. “Владимир Каваев” во населба Влае, Општина Карпош при што е украдена церада за кола. Крадците се снимени на безбедносни камери за време на извршувањето на кривичното дело без притоа око да им трепне.
Иако личниот опис на крадците јасно се гледа на камерите, полицијата се уште не може да ги пронајде. Па ве замолувам доколку ги препознаете, или пак ги имате забележано луѓето од приложените слики подолу да ми се обратите по порака, за полесно и побрзо истите да бидат пронајдени. Ви ветувам дека вашиот идентитет ќе биде заштитен.
Секоја трага и информација ќе ми значи во потрагата по разбојнициве!“, пишува во апелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.