Нов случај во кој опожарен е уште еден автомобил рано утринава е регистриран во Прилеп.

Од Општината велат дека случајно или намерно не престанува опожарувањето на автомобили, а овој пат „на мета“ бил автомобилот на раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Прилеп.

Ова е обид за повторно нарушување на безбедносната состојба во Прилеп. Општината и Советот на Општина Прилеп веќе неколку месеци бараат одговорност од Министерството за внатрешни работи и ОВР Прилеп. Но се чини дека после сите апели од градоначалникот и советниците, централната власт и надлежните институции остануваат глуви и ги оставаат граѓаните на Прилеп секоја ноќ да стравуваат за својата безбедност и безбедноста на својот имот, велат од Општината.

Оттаму го осудуваат чинот на насилство, кој последователно се случува во Прилеп и го нарушува јавниот ред и мир во градот.

-Бараме под итно да се стави крај на ваквите немили сцени кои влеваат страв и несигурност кај граѓаните, а МВР и ОВР Прилеп да понесат одговорност и да најдат начин да превенираат во зачувувањето на редот и мирот со цел во иднина да не се повторуваат вакви застрашувачки сцени, велат од Општината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.