Несовесни тиквешани предизвикале пожар во Рибарци откако биле запалени корења од домати, оваа информација попладнево ја потврдија од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, напоменувајќи дека пожарникарите интервенирале на терен и пожарот бил ставен под контрола. Случајот бил пријавен во МВР.

– Активен е пожарот во росоманското село Рибарци, кој е под контрола. Пожарот првично е намерно запален за да изгорат корења од патлиџани, но излегува од контрола, појаснија од противпожарната служба.

Оттаму апелираа во изјава за МИА, на совесност и внимателност кај населението од Тиквешијата, особено при високи летни температури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.