Расправија која настанала затоа што не се почитувал редот во пекарата каде се купувал рамазански леб е причина за физичката пресметка која заврши со пукање во скопски Чаир, објави Фокус. Инцидентот почнал со тепање, а завршил со пукање, при што едно лице се здоби со прострелна рана.
Настанот се случил околу 18 часот во близина поликлиниката Бит Пазар во Чаир. Во тепачката учествувале две групи. На една страна биле повредените 20-годишниот А.Б. и 23-годишниот А.Б. а на другата страна биле четворица. Случаен минувач се обидел да ги раздели групите, но и тој настрадал. Со повреда на носот е пренесен на Клиниката за уво, нос и грло при Клинички центар.
Инцидентот се случил на улица „Петре Ѓорѓиев“ за поликлиниката „Битпазар“. Од една страна биле лицата А.Б. (20) и А.Б. (23), а од друга страна лицата Х.Б., Х.Б., С.А. и А.А. .Сите повредени се во стабилна состојба.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.