Десет дена од кражбата во фабриката за канабис со крушевското село Алдинци нема осомничени, а камоли приведени.
За полицијата и за обвинителството се уште е непознато кој влезе во фабриката и однесе масло од канабис вредно два милиони евра. Навистина е неразбирливо како може некој да влезе во фабриката која има висока жичана ограда и која е обезбедувана од агенција добро позната на јавноста со добри конекции со актуелната власт.
Конкретно непознатите крадци одзеле од фабриката „5 летрес“ 108 шишиња масло од канабис и шест кеси со цвет.
Првата кражба на во оваа фабрика се случи во декември 2020 година кога беа украдени 60 килограми канабис. Оттогаш на фабриката никако да и тргне и сега се наоѓа во стечај. Во политичките кругови се коментира дека за неа се заинтересирани лица од Бугарија.
Хрватски РТЛ во своја емисија тврдеше дека 93% од сопствеништвото на фирмата е во рацете на американски инвеститор, додека 7% има Зоран Јаневски, пријател на премиерот Зоран Заев и член на неговата партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.