Адвокатот Маријан Витанов, адвокат на Љупчо Палевски во воведното обраќање вели дека не постојат цврсти докази дека неговиот штитеник стои зад убиството на Панче Жежовски во Велес. Дополнително му пречи што Палевски медиумски предвреме бил осуден.

Истрагата е водена додека тој беше надвор од Македонија, односно на лекување во Турција. Во врска со случајот со Жежовски, обинетиот не беше воопшто во Велес кога е убиен фризерот, ниту пак има доказ дека го фрлил пиштолот во долот, рече адвокатот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.