Во текот на понеделникот (29.07) непознато лице ја запалило платформата на Смоларски водопад, пренесува ТВ 21.
Со тоа се предизвикал пожар кој се шири кон непристапен дел на Беласица.
На терен се граѓани од локалното население, пожарникари од ТППЕ Струмица, вработени во Македонски шуми. Сите интервенираат со цел да се спречи ширењето по непристапниот терен околу водопадот.
Како што велат, ова е зло кон општеството и сторителот мора да биде најстрого санкциониран.
Исто така, се забранува пристап на Смоларски водопад заради безбедносни причини, се додека не биде изградена нова платформа на водопадот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.