Неготинско Калањево е повторно под опасност од пожарот, се бара дополнителна поддршка од воздух. Васе Јованов – Ладна, претседател на месната заедница на село Тремник, кој неколку дена заедно со ловците од ловно друштво Неготино, го гаснат пожарот, за МИА рече дека итно им треба дополнителна помош од воздух.
Дека се загрозени викендичките во селото, за МИА потврди и неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој исто така нагласи дека освен од земја, гаснењето треба да има и дополнителна поддршка од воздух.
Прашавме дали се евакуирани луѓето од селото, бидејќи уште пред неколку дена беше упатен апел за нивна евакуација.
– Во селото не треба да има луѓе од безбедносни причини поради пожарот. Но, некои самоиницијативно одат, одговори Стојанов.
Пожарот на планината Серта изминативе денови се гаснеше од земја и воздух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.