На 11.07.2022 околу 14.00 часот на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, кај место викано „Краварски пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода Џ.М.(47) од Скопје.

При контрола во возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија. Претходно, на автопатот А1 Гевгелија – Скопје, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, но набргу потоа бил сопрен и лишен од слобода.

Со Џ.М. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Пронајдените лица мигранти биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.