Во текот на вчерашниот ден (08.02.2022) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 318 пешаци.

При тоа 250 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 44 за минување на црвено светло… Од нив 156 на територија на СВР Скопје, 41 на територија на СВР Битола, 31 на територија на СВР Тетово… За време на контролата регистрирани се и 139 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.