Ноќва околу 03 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во Македонија се пријавил К.С. (53) од Турција, но по извршена пасошка контрола било утврдено дека веќе го искористил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена и поради тоа му бил одбиен влез и бил вратен назад во Косово.

Околу 03.30 часот К.С. повторно дошол на граничниот премин и на раководителот на смена му ја дал патната исправа и во неа банкнота од 100 евра, со барање да му се дозволи влез во земјата, соопштија од МВР.

К.С. веднаш е лишен од слобода поради кривично дело „давање поткуп“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.