Вчера во 12:00 часот во СВР-Гостивар, 48-годишен маж од Гостивар, пријавил дека во текот на месец март 2024 година бил во работилница кај лицето Е.„Н“. од Гостивар за поправка на мобилен телефон, каде му било кажано дека мора да го остави и дека за услугата кај производителот треба да уплати 2,99 евра со платежна картичка. Тој се согласил и на Е.„Н“. му пратил фотографија од својата кредитна картичка.

Потоа, на 14.03.2024 на неговиот мобилен телефон добил СМС известување дека од неговата платежна картичка се извршени повеќе плаќања и веднаш го
контактирал пријавениот, кој го убедувал ќе го расчистат направениот пропуст. На 01.04.2024 година оштетениот добил информација од својата банка дека
нема повеќе средства на сметката, односно дека му се земени 535 483 денари, велат од СВР Тетово од каде додаваат дека се преземат мерки и активности за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.