На 04.05.2024 во 19:15 часот во СВР Скопје Х.М.(34) од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.
Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња.
Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.