На влез во гевгелиското село Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки вчера пронашле 11 лица мигранти.
МВР денеска соопшти дека вчера во 03.50 часот полицијата во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки пронашла 11 лица мигранти, од кои пет лица од Сирија и шест лица од Република Турција.
Откако ги забележал полициските службеници, возачот на возилото го напуштил местото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се појаснува во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.