Вистинска драма се случила во текот на вчерашниот ден. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи се степале 27-годишник и 61-годишник, двајцата од Скопје и тоа на локален пат од Сопиште кон Горно Соње, поточно на место викано „Тонели“.

„На 15.05.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на локален пат од Сопиште кон Горно Соње, на место викано „Тонели“, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.А.(27) и Т.А.(61), двајцата од Скопје“, изјавија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.