Полицијата синоќа, во 19.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ го лишила од слобода Ш.К.(38) од Косово.

Како што соопшти МВР, при преглед и контрола на возилото „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека тоа било украдено и за него имало меѓународна потрага на барање на Интерпол Холандија.

Возилото било одземено, а Ш.К. бил задржан во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.