На четириесет и двегодишен битолчанец му се слошило откако испил вода во угостителски објект по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола, а оттаму на Клиниката за токсикологија во Скопје. 

Директорот на Клиниката за токсикологија во Скопје, Ридван Бајрами во изјава за МИА потврди дека кај нив е примен пациент од Битола, кој според исказот, побарал вода во угостителски објект, но наместо тоа му е дадено корозивно средство. 

– Пациентот сега е во подобра здравствена состојба, но има оштетување на хранопроводникот и желудникот, вели доктор Бајрами.

Случајот во полиција го пријавија сестрата на 42-годишниот А.Т. Според пријавата, А.Т. испил кафе и вода по што му се слошило.  

За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Битола.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од СВР Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.