Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за криење и заташкување на пријавен случај за семејно насилство во врска со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров.

Вистината е дека СВР Скопје постапило и за овој случај по сите процедури, како впрочем и за сите други случаи. Имено, по добиена пријава од Љ.Г. на 17.11.2023 веднаш полициски службеници излегле на местото на настанот. Љ.Г. на полициските службеници им кажала дека по вербалната расправија З.Г. се заканувал дека ќе си го одземе животот со пиштол. Од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности и на З.Г. му бил одземен пиштолот за понатамошна постапка.

Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги и да ја вознемирува јавноста“ соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.