Министерството за внатрешни работи ги отфрла обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој денеска на прес-конференција говореше за поврзаност меѓу директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и лицето Самед Мисини од Ласкарци, кој, како што рече Стоилковски, во јули 2022 година испукува најмалку една цела рамка од огнено оружје во присуство на Тасевски.

Вистината, која јасно се докажува низ бројки, е дека во поглед на вкупниот криминалитетот имаме намалување за 31.55 отсто во првите два месеца од 2023 година, споредбено со првите два месеца од 2022 година, што секако е резултат на доброто и ефикасно работење на полицијата. Класична лага е и обвинувањето за наводна блискост на раководни лица во полицијата со лице кое извршило кривично дело. Токму против лицето С.М. се поднесени две кривични пријави, приведуван е во полициска станица, а вршени се и претреси на дом, што директно покажува дека и во овој случај ВМРО-ДПМНЕ пласира невистини и ја лаже јавноста“, реагира МВР.

Претходно, Стоилковски праша дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски пријателски семејни врски со човек којшто пука, тепа, и насилно попречува изборен процес?

Колку пати Мисини бил гостин во полицијата во кабинетот на Тасевски? Но, и кога Тасевски ќе го пријави до ДКСК станот во којшто живее од пред нова година, стан во една од зградите изградени од Мисини? – праша Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.