За да се стекне со против правна корист, управителка на струмичка фирма го оштетила буџетот на РСМ за вкупен износ од 6,6 милиони денари, поради што ѝ е поднесена кривична пријава, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
„СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот на правното лице Н.К. (31) од Струмица за кривично дело „даночно затајување“ по чл. 279 ст. 1 од КЗ. На барање од СВР Струмица, УЈП Генерална дирекција Скопје изврши надворешна контрола на финансиското работење на правното лице и од нивна страна доставени се записници за извршена контрола за деловната 2021 и 2022 година, во кои е констатирано дека првопријавеното правно лице како даночен обврзник и второпријавената како управител на правното лице за деловната 2021 година помалку пресметал и платил персонален данок на добивка во износ од 2.975.466 денари“, информира МВР.
Со контролата било утврдено дека во 2022 година помалку е пресметано и платено персонален данок на добивка, во износ од 3.335.998 денари.
„Од горенаведеното констатирано е дека пријавената, како управител на правното лице, со цел да се стекне со против правна корист, го оштетила Буџетот на РСМ за вкупен износ од 6.604.860 денари. Кривичната пријава е доставена до ОЈО Струмица“, се додава во соопштението на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.