Малолетник се здобил со телесни повреди на рингишпил во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.
Утринава во 00.40 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со В.К.(38) од Прилеп, сопственик на рингишпилот во Кавадарци, по претходно пријавен настан од кавадаречката болница. Според пријавеното, бил донесен малолетник, врз кој, додека бил на рингишпилот во Кавадарци, паднал метален предмет од рингишпилот и малолетникот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во градот, соопштија од СВР Велес.
Оттаму појаснија дека извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.