Две девојки биле повредени на 02.07 кога силниот ветер турна дрво кај театар „Комедија“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, во 14.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Климент Охридски“ во Скопје, поради лошите временски услови паднало дрво и повредило двајца минувачи.
Според пријавеното, со тешки телесни повреди се здобила В.Л.(28) од Прилеп, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а со телесни повреди се здобила А.А.(35) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Силниот ветер вчера во Центарот за управување доби над 20 пријави за паднати дрвја низ градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.