Министерството за внатрешни работи предупреду дека најстрого ќе ги санкционира објавите на социјалните мрежи што ќе разгоруваат меѓуетничка и меѓрелигиска тензија, по последните инциденти со реставрирањето на црквата Света Петка во Галате, општина Врапчиште.
МВР апелира за воздржување од било какви тензии по однос на овој настан. Било кое подгревање на меѓуетнички и меѓурелигиски тензии било на јавен простор или преку социјални медиуми ќе биде предмет на кривично-правен прогон, се наведува во вчерашното соопштение на македонската полиција.
Инаку вчера пред општина Врапчиште протестираа граѓани од населеното место Галате кои самоиницијативно ја реставрираат црквата, по што десеттици луѓе влегле во општината а откако одбиле да излезат, двајца од присутните биле приведени, а по неколку часа и пуштени од полициската станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.