Министерството за внатрешни работи соопшти дека на територијата на државата, во периодот од 06:00 до 10:00 часот, е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, со цел зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, при што се констатирани 32 сообраќајни прекршоци, a девет возила се исклучени од сообраќај поради технички неисправности.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, истакнаа од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.