СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, а во координација со Основното јавно обвинителство Штип комплетно го расчистија и документираа случајот пријавен од директорката на основно училиште Карбинци за наводен обид за грабнување на ученичка, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело.

Веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на родители, но и со претставници на училиштето, а по преземени активности беше пронајден и 20-годишникот со кој беше извршен службен разговор во врска со случајот. Притоа, од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично правен настан, информираат од МВР.

Нагласуваат дека целокупниот доказен материјал од преземените мерки и активности со соодветно известување ќе биде доставен до надлежното Основно јавно обвинителство и Центарот за социјална работа Штип за нивно понатамошно постапување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.