По повеќемесечен застој, поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зекири се врати на обвинителната клупа. Судењето мораше да се врати на почеток бидејќи освен промена во судечкиот совет, поради лекарско уверение за психо-физичката состојба на обвинетиот, поминаа повеќе од три месеци без одржано рочиште и законски постапката се повторува.
Зекири се изјасни дека не е виновен за обвинението за злоупотреба на околу милион евра исплатен ана хрватска консултантска преку договор во четири очи. Целата доказна постапка е прифатена од двете страни, па почна со сослушување на сведоците на обвинителството. Финансискиот вештак утврдил дека сумата на штетата не е во висина на првично наведената во обвинението.
Парите се дел од зделката за консултантски услуги за процес на приватизација на Железницата во државата. Досега според сведокот Петко Димитров од „Прајс Вотерхаус Куперс“, од 6 фактури биле исплатени пет.
Потоа беше отворена истрагата на обвинителството кое го товари Зеќири дека за 7 месеци како генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147 илјади повеќе од претходно договорените 800 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.