Полициски службеници на СВР Тетово, денеска (13 април) околу 12 часот и 50 минути на улица „Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец В.Л., кој половина час пред тоа бил пријавен од 34-годишен тетовец дека вчеравечер (12 април) се обидел да изврши обљуба врз малолетната ќерка на пријавителот, соопштуваат од СВР Тетово.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.