Штипскиот градоначалник Иван Јорданов поднесе кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Исар“, поради основано сомнение дека сторил кричвично дело, злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, во време кога комуналното претпријатие се „давело“ во долгови од 5 милиони евра, тогашниот директор набавил возило метларка во вредност од 90.000 евра, кое според тврдењето на градоначалникот, не е во функција.

Имаме основано сомнение дека е извршено влијание, затоа што станува збор за иста техничка спецификација на компанијата која што ја произведува метларката со техничката спецификација по која што е распишана јавната набавка и тендерот. Затоа, имало очигледно ограничувачки услови за ниту една друга фирма не се пријави на тендерот, а метларката е набавена по енормно висока цена, компаративно со пазарната цена на ваков тип на метларки – изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Јорданов најави нови кривични пријави и за останати локални функционери, поради основани сомненија за сторени кривични дела кој ги утврдил Ревизорот, чиј извештај е доставен до локалната самоуправа.


Извор: Сител



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.