Моторцикл се излизгал и паднал на коловозот на автопатот Неготино – Велес, потврдуваат за МИА од СВР Велес и Итната медицинска помош Неготино.

Од Здравствен дом Неготино потврдуваат дека нивна екипа за брза помош се упатила кон местото на сообраќајната несреќа.

Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев појасни дека во 17,55 часот на автопатот Неготино-Велес после мостот „Стоби“, моторцикл управуван од Д.И. (2002) се излизгал и паднал на коловозот. Д.И. е пренесен во МЦ – Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.